
16
Во случај кога не можете да се сетите на вашиот облик за отклучување, PIN или
лозинка:
< Ако сте го заборавиле вашиот облик >
Ако се имате најавено на вашата Google сметка на телефонот, но неуспешно сте го внеле
правилниот облик 5 пати, допрете го копчето "Го заборавивте обликот?" на дното од
екранот. Потоа, потребно е да се најавите на вашата Google сметка или да го внесете
Резервниот PIN кој сте го внеле при креирањето на вашиот облик за заклучување.
Ако немате креирано Google сметка на телефонот или сте го заборавиле Резервниот PIN,
потребно е да извршите хардверско ресетирање.
< Ако го заборавите вашиот PIN код или лозинката >
Ако го заборавите PIN кодот или лозинката, потребно е да извршите хардверско
ресетирање.
Внимание: Ако извршите хардверско ресетирање, сите апликации и податоци на корисникот
ќе бидат избришани.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако се немате најавено на вашата Google сметка и сте го заборавиле
Обликот за отклучување, ќе треба да го внесете Резервниот PIN.
5. Користење на Хардверско ресетирање
(Фабричко ресетирање)
Ако телефонот не се враќа во првобитната состојба, употребете Хардверско ресетирање
(Фабричко ресетирање) за да го иницијализирате.
1 Исклучете го напојувањето.
2 Притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување + копчето за
намалување на јачина на звук на телефонот.
3 Ослободете го копчето за напојување/заклучување кога ќе се прикаже LG логото,
а потоа веднаш повторно притиснете и задржете на копчето за напојување/
заклучување.
Важно известување
Comments to this Manuals